Заев и Жерновски со Бургијашите: Опозицијата ќе победи на изборите

Од:

На овие избори ќе ја „избургијаме“ победата, порачаа на денешната средба Бургијашите на која присуствуваа лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев и лидерот на ЛДП и градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски.

Со вашето постоење, им порача Заев на Бургијашите, испраќате чиста порака на охрабрување за да престане апатијата и безидејноста.

burgijaska-sredba-1

„Ви се восхитувам на слободоумноста и храброста. Мора дебата и разговор. На наредните избори власта ќе изгуби, а опозицијата ќе победи. Подготвени сме на периодот што доаѓа. Оние од власта мора да знаат дека по изборите парите ќе мора да ги вратат, да ги вратат парите кои ги испљачкаа од народот. Вие сте порака на охрабрување“, рече лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев.

zaevBurgijasi

Лидерот на ЛДП и градоначалник на Центар, Андреј Жерновски порача дека со власт која ги крши човековите права и слободата на медиумите, во време кога имаме диктатура, Бургијашите се неоходни.

„Битката ќе биде тешка. Формулата за успех е тоа што Заев го направи во Струмица а јас во Центар. Тоа треба да биде направено на ниво на цела држава“, рече во своето обраќање пред Бургијашите и отпорашите, Жерновски.

burgijasi-sredba

Жерновски вети дека на следните избори опозицијата во Центар ќе ја зголеми победата, а опозицијата ќе победи на следните избори.

„Паѓа владата“, порачаа Бургијашите на денешната средба.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица