Повеќе од два часа, приближно 200 патници се затворени на терминалот на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, без никакво образложение зошто доцни полетувањето на авионот кон германскиот град Дизелдорф.
Според кажувањата на Мемети Јакупи кој револтиран се јави во А1, авионот требал да полета од Скопје во 12:45 минути. Се до 12:55 на електронската огласна табла на аеродромот стоело дека авионот ќе полета навреме.
Сигналот веднаш потоа бил прекинат и никој ниту од авиокомпанијата, ниту од раководството на аеродромот не знаел да им обајсни на патниците што се случува. Револтирани, тие се јавија во А1 да раскажат дека мали деца, болни старци но и инвалиди се затворени на терминалот без никакви услови.
Патниците велат дека се оставени сами на себе и дека и покрај нивните гласни негодувања постојано добивале различни информации за тоа кога ќе полетаат и за тоа зошто авионот толку доцни. Јакупи во изјава за А1 револтирано вели дека се чуствуваат како колатерлана штета на нечии бизнис интереси.
Билетите ги купиле преку Еир Приштина, но од аеродромските власти сега добиле обајснување дека оваа авиокомпанија нема свој одговорен на скопскиот аеродром кој би им дал одговори што се случува.