А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ивановски: Некој за „Скопје 2014“ , ќе лежи до 2114-та во затвор

by А1он23/08/2012 - 00:3923/08/2012 - 08:22239
Share0

„Никола Груевски, 7 дена по објавувањето на проектот „Скопје 2014“, рече дека тој ќе чини меѓу 7о-80 милиони евра, до сега чини 350 милиони евра.Човекот, а отвори уста, лаже. Исто како што вети 8и пол милиони евра инвестиции и пак излажа“, рече во дебатата за „Скопје 2014“, Игор Ивановски.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во едно не застанувате, рече, во криминалот и корупцијата, рече Ивановски

„На вас ли дочека државата, вие да го браните идентитет. Идентитетот го брани тој што го нема. Вие не знаете што сте, Бугари, преродбени македонци или профитери? Нели ви е срам ? Кога го браневте идентитетот, кога ги амнестиравте хашките случаи. Кога на загинатите македонци убијците ги амнестиравте?Кога со Прометеј ли го браните идентитетот, или кога Фатмир Бесими се поклони пре споменикот на ОНА“, рече Ивановски.

Посочи дека трите скулптури на албанците чинат 120 илјади евра , а само Прометеј , 2 милиони евра.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Каде одат парите? Во ВМРО-ДПМНЕ.Некој за Скопје 2014 ќе лежи до 2114 затвор“, порача Ивановски.

Реплицирајќи, Влатко Ѓорчев рече дека се е кажано, се ќе помине а ќе останатделата и градбите кои се убави, сите малициозности, рече, се дел од политичките игри.

Ивановски му предложи на Ѓорчев, наместо да ги правда криминалите да оди во изборната единица три, каде вода немаат за пиење, а таа што ја пијат е жолта?

„Знаете колку ќе ви вратат, многу. За овој криминал многу ќе одговарате“, рече Ивановски.

Пратениците не ги усвоија заклучоците на опозицијата. За власта целата дебата беше за маркетинг и дека опозицијата само паушално обвинувала.

Со неизгласување на заклучоците им порача Јани Макрадули застанувате зад криминалот, и не гласате за леб, вработувања, поевтина струја.

skopje 2014sobraniespomenici

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Горан Наумовски26/05/2026 - 14:36

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он18/05/2026 - 16:06

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски18/05/2026 - 13:0518/05/2026 - 13:11

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Горан Наумовски07/05/2026 - 15:20

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он29/04/2026 - 18:44

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски22/04/2026 - 13:0022/04/2026 - 13:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто