Скандалозно однесување на министерството за одбрана. По изјавата на министерот Бесими, дека се извинува за инцидентот во Слупчане, доколку некој се почувствувал повреден, министерството излезе со демант на објавеното во медиумите, во кое додава една реченица плус од изјавата на Бесими.
Еве го соопштението на министерство во целост, како што е објавено на официјалната страна
„Министерот за одбрана д-р Фатмир Бесими, не се извини за полагањето цвеќе во Слупчане, туку искажа жалење ако некој е навреден, но потенцира дека И СЕГА И ВО ИДНИНА ЌЕ ГО НАПРАВИ ИСТОТО БИДЕЈЌИ Е УБЕДЕН ДЕКА ТОА Е ВО ФУНКЦИЈА НА ЗАЕДНИЧКОТО ПОМИРУВАЊЕ“, стои во демантот на министерството.
Министерот за одбрана, стои во соопштението, искажа жалење доколку некој бил навреден со неговиот потег, но на прес конференцијата и сега нагласува дека и во иднина е подготвен да го направи истото, секогаш кога е во функција помирувањето меѓу сите граѓани на Република Македонија и за нивната просперитетна иднина и затоа нема намера да се извинува.
И по обичај се виновни новинарите, па натаму во демантот се наведува дека изјавата на Бесими е целосно извадена од контекст од одредени медиуми .
Подвлечениот дел во наводната изјава на Бесими, како што тврди министерството, ниту некој медиум го чу, ниту го сними.
Еве точно што кажа Бесими, ја нема реченицата, која во демантот ја додава министерството.