Талески: Образованието е во колапс

Од:

Образовниот систем продолжува да пропаѓа под власта на ВМРО – ДПМНЕ,секојдневно се покажува дека Владата нема стратегија за развој на образованието. Доказ за тоа се десетици неуспешни проекти кои граѓаните ги чинеа многу, а нивните деца не добија ништо, констатира СДСМ.

Својата негрижа за образованието, велат, Владата најдобро ја покажа кога со ребалансот скрати 11 милиони евра од буџетот на Министерството за образование, а сега, на само десеттина дена пред почетокот на учебната година, се покажуваат резултатите од оваа поразителна политика, училиштата се целосно блокирани, а општините не добиваат доволно пари од Буџетот за да ги подмират сметките за струја, вода и парно.

„Голем број училишта најавуваат дека оваа зима ќе ја поминат без грење. Дел од нив не се сигурни ни дали ќе имаат електрична енергија. Во исто време, Владата безгрижно троши милиони евра државни пари за споменици, фасади и реклами.Тоа е најакутниот проблем, но има и многу други неуспеси на власта во образованието. Еден од највпечатливите примери е проектот „Комјутер за секое дете“. За ова комплетно фијаско беа потрошени 40 милиони евра народни пари, а уште од самиот почеток се појавија обвинувања за корупција. Набавените компјутери не стигнаа до секое дете. Денес, илјадници неотпакувани пакети стојат во подрумите на училиштата. Нема каде да се постават, нема електрична инсталација, едноставно нема услови. Онаму пак каде што беа поставени, компјутерите служат како играчка за учениците“, рече на прес конференција Дане Талески.

Тендерите за учебниците, рече, се уште еден пример како власта го жртвува квалитетот во образованието поради ситни услуги и интереси, а децата во последните години учат од книги со лоша изработка, во кои има апсурдни дефиниции и фактички грешки. Овие книги ги пишуваат непознати, но за власта „подобни“автори, а тендерите ги добиваат „подобни“ издавачки куќи.

„Проектот за дисперзирани студии е уште еден дебакл. Набројувањето на владините промашувања во образованието нема крај. Огромен број училишта се притиснати од финансиски проблеми. Работат без соодветно греење, а децата користат стари и валкани тоалети, иако владата и премиерот наголемо правеа кампањи за реновирање на санитарните јазли. Студентите ги чекаат стипендиите и по шест месеци, а Владата им должи и на превозниците кои ги возат учениците.Затоа ја повикуваме Владата да престане да ги троши народните пари за споменици и реклами. Искористете ги средствата барем за дел од акутните проблеми во образованието“, рече Талески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он