Котески: Нема да дозволам кршење на политичките копја над главите на АРМ заради партиски интереси

Од:

„АРМ како една од институциите со висок кредибилитет и доверба кај граѓаните служи како пример за соживот и меѓусебно почитување и градење на доверба помеѓу граѓаните од сите етнички и релиогиозни заедници преку преземање на одговорност и почитување на принципот на целосна професионалност со вклучување на сите етнички заедници во сите раководни структури на Армијата и градење на однос и доверба со сите граѓани“, рече министерот за одбрана Фатмир Бесими во своето обраќање на одбележувањето на 20-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија.

Бесими истакна дека и во иднина ќе се работи на остварување на целите и приоритетите Македонија да биде препознатлива по својот придонес за глобалниот мир, како партнер за развој на глобалната стабилност, целосно подготвена за членство во НАТО.

„АРМ да биде гарант на мирот и стабилноста, институција со висок кредибилитет и модел за меѓусебно почитување, достоинствен стандард“, порача Бесими.

„Пред нас и понатаму стојат големи предизвици, мисии и задачи. Не треба и нема да дозволиме да го изгубиме она што макотрпно го стекнавме. Ќе одиме во нови достигнувања, следејќи ги интересите на државата и стандардите на НАТО. Како началник на ГШ од сите припадници на Армијата барам поддршка, професионализам, дисциплина и одговорност во работата. Оние кои не можат да ги исполнат овие критериуми и морални вредности не им е место во редовите на Армијата. Нема да дозволам кршење на политичките копја над главите на припадниците на АРМ заради партиски интереси“, изјави началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески.

Би можело да ве интересира

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он

Момче од Неготино е под истрага за загрозување на воените активности на АРМ

Во касарната во Петровец претставени 17 нови оклопни возила „страјкер“ набавени од САД

ВИДЕО: Во објекти од времето на Тито, професионалните војници топлат вода во кофи и јадат со лебарки, реагира Независниот синдикат

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски