ВМРО-НП: Лопатите, лентите и сликањето се лицемерие и популизам

Од:

„Сообраќаен хаос, метеж, небезбедно минување, со месеци голтање прашина. Ова е мал дел од цената која граѓаните на град Скопје секојдневно ја плаќаат за сметка на желбата и потребата на градоначалникот Коце Трајановски „да биде виден како работи”, вака ВМРО-Народна партија ги коментира активностите на скопскиот градоначалник.

Наместо градежните работи да се одвиваат како и во секоја друга земја, дел по дел, фаза по фаза, во период кога најмалку има сообраќај и движење по улиците, кај нас, велат од ВМРО-НП, тоа се прави спектакуларно со купови расфрлан песок на сите страни, раскопани улици и тротоари од двете страни во недоглед и се разбира со што поголемо одолговлекување на градежните зафати.

„Сево ова на граѓаните на град Скопје им предизвикува дополнителен стрес, отежнување во секојдневното извршување на обврските и неможност за нормално функционирање, кое вам господине Трајановски и на најголемиот број на градоначалници на скопските општини изгледа не ви е ни малку важно, а тоа досега безброј пати го покажавте со лошо организирање и планирање на работите, небезбедно изведување и бавно завршување на градежните работи.

Покрај хаос во градењето на идните градоначалници очигледно ќе им оставите и хаос во општинските каси и буџети“, изјави Билјана Јовановска.

ВМРО-Народна партија го прашува зошто работа која досега требаше да биде одамна заршена, тенденцизно ја одолговлекува до почетокот на изборната кампања, во очаен обид , како што велат, да собере политички поени од граѓаните и да создаде слика дека „градоначалникот постојано нешто работи”!?

„На граѓаните на град Скопје им е повеќе од познато дека лопатите, сечењето на ленти и сликањето се само чин на лицемерие и популизам“, велат од ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП до Касами: Тетово секогаш бил и во иднина ќе биде македонски град

А1он

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје