Норвешките сајтови и телевизии објавија фотографии и видео од норвешкиот Неси.
Тројца туристи, фотографирале и снимиле со мобилен телефон, мистериозно суштество во норвешкото езеро „Hornindalsvatnet“.
За нив нема дилема дека се работи за чудовиште. На фотографиите се гледа неговата глава.
„Hornindalsvatnet“ е најдлабоко езеро во Норвешка со 514 метри длабочина, и не е прв пат да се „платат“ приказни за појавување на чудовиште.
Ова тврдење ја разбуди приказната за Неси, чудовиштето од Лох Нес.