„Белград е подготвен за дијалог со Приштина за нормализирање на билатералните односи, но засега е неизвесно кога и под каква форма ќе биде обновен дијалогот“, изјави српскиот премиер Ивица Дачиќ
Белград, вели Дачиќ, уште сега е подготвен за преговори со Приштина, додавајќи дека ставот на Србија за Косово не е променет и оти Белград никогаш нема да ја признае независноста – вели Дачиќ.
Претходно, косовскиот премиер Хашим Тачи истакна дека Приштина се откажува од преговорите со Белград за техничките прашања и се согласува само за дијалог за нормализирање на односите.