Ригорозни казни за пироманите

Од:

Се уште беснеат пожарите во Националниот парк „Јасен“,во Радуша и во Чашка.

Несовесното палење на пасиштата и стрништата, прикривање на нелегалната сеча на дрва и пожари подметнати поради печурката “смрчка“ која расте на опожарена почва. Ова се трите причини што ги потври теренската анализа како причина за зачестените пожари, кои однесоа и човечки животи.

Засилени се контролите на критичните точки за појава на пожари. Владата воведе забрана за берење и откуп на печурката „смрчка“, којашто е ретка и мошне скапа.

Владата предвиде и строги казни за оние кои намерно подметнале пожари или биле невнимателни.

Останува да важи и забраната за движење во шуми, со исклучок на оние туристички агенции кои веќе имаат договорена посета на туристи.

Би можело да ве интересира

Нова огнена статистика: 31 пожар на отворено, четири сè уште се активни

Пожари во Грција: Состојбата во Пела се подобрува, огнот во Саламина сè уште беснее

Активни се три пожари, четири се под контрола

Горан Наумовски

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Трагедија го потресе Исламабад: Бебиња загинаа во пожар во болница

Горан Наумовски

ЦУК: Осум пожари се активни, еден е под контрола