„Се утврдува дека лицето Бранко Цветков, роден 1940 година во Велес, со псевдоним „Велешки студент“, носител на јавна функција, советник во општина Куманово, соработувал со органите на државната безбедност“, ова е објавено на страната на Комисијата за верификација на фактите го објави на својата интернет страница.
Според документите објавени на сајтот на Комисијата, Цветков имал лично досие од 1964 година, од времето кога бил студент. Тој на службите им давал информации за емиграцијата во Западна Германија, каде што привремено престојувал.
Цветков, според службите, требало да информира и за активностите на велешките студенти во Скопје и за контактите што ги имале со странски туристи при патувањата со воз кон скопските факултети. За соработката, како што е наведено во службената белешка, му биле исплатени пет илјади динари.
Комисијата за лустрација на својата интернет страница објави имињата на вкупно 26 лица за кои утврди дека биле кодоши и го исполнуваат условот за ограничување на вршење јавна функција.