САД го поздравува храброто лидерство на Бесими

Од:

„Го поздравуваме храброто лидерство на министерот Бесими во претставувањето и служењето на сите граѓани на Македонија,, одговараат  од американската амбасада  на прашањетокако го оценуваат настанот во Слупчане каде министерот за одбрана ФатмирБесими придружуван од армиска делегација се поклони пред споменикот на загинатите припадници на ОНА“, објави Алфа ТВ.

„Пред 11 години Македонија се соочи со опасност од крвава граѓанска војна и семејства низ целата земја се уште жалат за загубените најблиски во насилствата од 2001-тата. Потпишувањето на Охридскиот договор на 13-ти август ја избегна граѓанската војна и го трасираше патот за Македонија да напредува како унитарна, динамична и безбедна демократија.

– Визијата и патриотизмот на лидерите како министерот Бесими се критични за процесот на залечување на раните кај двете страни од конфликтот и и помагаат на македонија да стане земја која го нуди ветувањето и просперитетот за сите незјини граѓани, независно од нивната етничка, религиозна или политичка определба“, велат од амбасадата на САД во Скопје.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он