Тетовски комуналци: Ќе го оставиме градот во смет

Од:

Од денеска не се собира сметот во Тетово.  Околу 120  вработени во Одделот за комунална хигиена при Јавното комунално претпријатие, Тетово почнаа штрајк пред објектот на компанијата, барајќи исплата на придонесите и двете заостанати плати.

„ Раководството не ни дава одговор кога ќе  ги земеме двете плати, велат само ќе има плата и само така не лажат. Сакаат за Бајрам да не остават без пари “, велат штрајкувачите.

Велат, директорот Ајет Мурати не давал пари за поправка на механизацијата за собирање отпад иако се работело за мала сума. Го обвинуваат Ајети за лошата состојба и бараат негова оставка.

Директорот не сакаше да ги прими медиумите.

 

Би можело да ве интересира

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар