Србија ќе го прифати Косово без * ?

Од:

Владата во Белград го разгледува моделот, кој би овозможил, Србија да учествува на меѓународни собири на кои Косово би било претставено без фуснота, дознава и објавува Блиц.

Повикувајќи се на извор од српската Влада, пишува дека Владата во следните неколку денови, најверојатно ќе го смени заклучокот за неучествување на претставници на Србија на регионални форуми на кои учествуваат и претставници од Приштина.

На тој модел, дознава весникот, заеднички работат, потпретседателката на Владата задолжена за евроинтеграциите, Сузана Грубјешиќ и шефот на Канцеларијата за евроспки интеграции Милан Пајевиќ.

„Заклучок на сите во Владата е дека со напуштање на форумите , на кои пред косовскиот претставник не стоеше фуснотата, само губеше Србија, затоа што гласот на другата страна се слушаше. Се трошеа непотребни пари за патни трошоци, а на нашите им беше непријатно, демонстративно да ги напуштаат собирите. Затоа предлогот ќе биде, во обраќањата на српските претставници, задолжително да се кажува и да се даде порака, дека учествувањето не значи и признавање на Косово“, за Блиц, изјавил претставник од Владата.

Према договорот Белград-Приштина, Косово на регионални собири требаше да биде претставено со ѕвезда и фуснота која гласи: Овој назив не влијае на ставот за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на Меѓународниот суд на правдата за Косовската декларација за независнот.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“