СДСМ: Владата да ја намали цената на бензините

Од:

„Народот живее во страв, се прашува што е следно што ќе поскапи, што носи утрешниот ден“, СДСМ реагира на бранот поскапувања.

СДСМ го повторува своето барање од пред неколку месеци, Владата да ги преземе сите механизми што ги има на располагање за да влијае врз цената на бензинот и струјата. Владата може да ја намали цената на бензините.

„Сегашната цена на бензините е повисока од онаа што Владата ја предвидуваше кога го планираше буџетот за оваа година, Владата сега од бензините има екстра приходи што не ги планирала. Наместо тие екстра приходи Владата да си ги задржи за себе и да ги троши за реклами, фасади, споменици и други непродуктивни трошоци, нека ги врати тие екстра приходи назад кај народот за да му го олесни преживувањето. Затоа повторно бараме Владата привремено да се откаже од дел од акцизата со што ќе се намали цената на бензинит“, изјави Зоран Јовановски.

СДСМ бара итно да престанат непродуктивните трошоци на државните енергетски компании – МЕПСО и ЕЛЕМ, како што се трошоците за реклами и барокни фасади и сте ресурси да се насочат кон поголемо домашно производство на струја за да се избегне увозот на скапа струја и да се создадат услови за поевтинување на струјата.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје