ВИДЕО: Офицери на АРМ се поклонија на споменикот на УЧК

Од:

Денеска делегација на Штабот на АРМ од пет офицери, министерот за одбрана Фатмир Бесими, министерот за правда Блерим Беџети, вицепремиерот Муса Џафери и заменик министерот за внатрешни работи Џелал Бајрами, во Слупчане, положија венци и цвеќе и се поклонија на споменикот на жртвите од конфликтот во 2001-та, припадници на УЧК.

Ова е прв пат, по 11 години од воениот конфликт и потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, институционално да се оддаде почит на припадниците на УЧК.

Слупчане, рече вицепремиерот Муса Џафери, е симболично избрано, бидејќи се оддава почит на мачениците, на оние кои ја дадоа крвта за постигнување на мирот.

 

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он