Зоран Иванов: Во што ви е проблемот, во успешноста ли, или….

Од:

По објавата на сајтот на ВМРО-ДПМНЕ, за како што велат, луѓе и нивни деца кои се вечни во СДСМ, преку отворено писмо се јави Зоран Иванов.

Повод како што пишува „Татковци и деца“ – кампања на ДПМНЕ.

А1 го објавува писмото на Иванов

Да, господа огласувачи, во право сте. Особено за фактот, (говорам исклучиво во лично име), дека моите деца личат на својот татко. И биолошки (проверете за вашите) и во постапките и трагите што ги оставаат за оваа моја и нивна мала и со таквите како нас, силна татковина – Република Македонија.

Се надевам и посакувам, воспитани се така, (како и јас од своите родители), и моите три деца, и секако и нивните деца и мои внуци, да остават енциклопедиски траги што ќе ни ги обезбеди чесноста и „вечноста“. А во прилог на вашата банкротирана кампањата, ќе нафрлам само неколку трајни вредности, што граѓанионот Зоран Иванов како траен белег и како наследство и за татковината на вашите деца, веќе ги архивира во нашето општество:

Спорт: Четири светски рекорди во падобранство, учесник на две светски првенста, освојувач на шеесетина спортски медали, петнаесетина од светски купови и меѓународни првенства, носител на Златна значка со три дијаманти – највисокиот меѓународен спортски достерл на ФАИ…

Новинарство: Три награди М.Х.Јасмин, две К.П.Мисирков, награда за Животно дело К.П.Мисирков…

Општество (не знам од каде да почнам, а со што да завршам): Го изградив, (со голи раце и без лопати со панделки) спортскиот аеродром Стенковец, ја кренав МИА – Македонската Информативна агенција, ја конституирав Про Марк Медиа, ја промовирав и одржав 103–ка…

Не знам како на вашите деца ќе им ги објасните вашите активности што зад себе ги оставате со оваа валкана кампања. Имам уште многу редови за вредносните траги на моите деца и на нивниот татко.

Ете и без партиски книшки, моите и досегашните заслуги на моите деца, оставаат по некоја неизбришлива вредностна шкртка. И покрај катадневните опструкции што им ги правите само затоа што се „децата на Зоран Иванов“ и независно од вашите атаци, во своите области и тие веќе напластија побаеги вредности.

Впрочем, Македонија има две енциклопедии – на МАНУ и на Ми Ан. Па, ако зависта фрустрирачки ви пречи што и во двете го има Зоран Иванов, тука сум нестручен да ви помонгам. Ве упатувам на некоја од надлежните здравствени установи.

Зоран Иванов, родител.

Би можело да ве интересира

Аврамовска Мадиќ: Пристигнат само еден приговор, волјата на членовите на СДСМ е јасно и недвосмислено изразена

Мицкоски не ги коментира изборите во СДСМ, на Филипче му посака среќа

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Заев

Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија – реакција на Петровска по изборите во СДСМ

Аврамовска – Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто

Горан Наумовски

Деспотовски: Утре ќе поднесам приговори за забелешките од контролорите