Која планета владее со вашиот хороскопски знак?

Од:

Карактеристиките на хороскопските знаци во голема зависат од еден битен фактор – планетата на владеење. Нејзините особености влијаат на карактеристиките на знакот.

Погледнете што планетите кажуваат за вашиот хороскопски знак.

ОВЕН – МАРС: Со динамичниот ОВЕН владее црвениот Марс, активен, атрактивен, одлучен, работи и создава настани. Овните и Марс имаат циклус од две години, односно тоа е периодот потребен за да планетата го заокружи Зодијакот. Тоа се фазите на обновување на енергијата. Откако ќе заврши со една започнува втора, нова фаза.Сите овни реагираат на транзитирањето на Марс, а зависат во голема мера и од аспектите во кои тој се затекнува во вселената.

БИК – ВЕНЕРА: Колективна, темелна, оплодувачка и раширувачка, но и умерена е суштината на Венера која го владее Бикот. Познати се по уживањето, хедонизмот, што често се манифестира како гурманство, или консумирање храна, секс, алкохол. Циклусот на Венера е сличен на циклусот на Сонцето односно трае една година, па потоа повторно започнува од нула. Биковите имаат чувство за убавина, посебно за слатки секојдневни задоволства, па овде секој друг коментар би бил излишен.

БЛИЗНАЦИ – МЕРКУР: планета која има топла и ладна страна, односно двојна природа, краток здив и кратки циклуси (приближно исто како и Сонцето, дури и пократки), час оди напред, час назад, т.е. неговото ретроградно одење е многу почесто отколку на другите. Тој е главниот комуникатор кој сите ги поврзува, де таму, де ваму успешно спојувајќи ги сите во сликата. Кога Меркур ќе крене назад, ете немир во душата на близнакот, станува нервозен и неговото „лудување“ нема крај. Веднаш штом се промени насоката на неговата планета и започнува да оди директно, близнакот се „средува“ и без проблеми оди понатаму.

РАК – МЕСЕЧИНА: Може денес, може утре, а може и задутре. Месечината е два до три дена во секој знак, па затоа ракот е многу склон кон промени на мислењата и ставовите. Голема нестабилност, тенденција кон скитање и истражување на минатото. Овие луѓе имаат најдобро памтење, бидејќи месечината најдобро го прикажува тоа ше е позади нас. Непотребно е да се каже дека нивното располжение зависи од прмените на Месечината, па затоа најдобо е да си обележат во нивните календари кога месецот се полни, а кога не и се ќе им стане јасно. Кога е полн месец, поголема е веројатноста дека ќе пијат и јавно ќе се забавуваат.

ЛАВ – СОНЦЕ: Со лавовите владее сонцето. Прецизност, јасност, принципи, достоинство, потреба за власт и доминација, кралски пристап, сето ова можете да го забележите кај нив. Лавовите често се чувствуваат како господари. Кога Сонцето транзитира сите нивни аспекти на однесување се предизвикувачки, но кога има помрачување на Сонцето, тогаш се досадни, бидејќи нивнот Господар е без сјај, па делуваат безживотно. И не само тие, општопознате е дека сите животни се повлекуваат пред затемнувањето на Сонцето, со што јасно се дакажува што тука ни дава живот.

ДЕВИЦА – МЕРКУР: Превртлив, детален, движечки, ова се ообеностите на девиците кои потпаѓаат исто под влијание на Меркур. Недостаток му е што кога ќе крене во „напад“ се губи во ситниците, па од шумата не ги гледа дрвјата. Перфекционисти со исклучителна интелигенција, способни за најневеројатни работи, но само ако не „забраздат“ во ирелевантните работи. Циклусот е ист како и оној на близнаците, но нивната природа е повеќе „приземна“ и конкретна.

ВАГА – ВЕНЕРА: Овде се работи за чудесната и етерична Венера и нејзинатазаводлива природа што бара врска полна со љубов и внимание. Сето ова се поклопува со природата на вагата, знак кој секогаш функционира како две половини и подготвена да направи се за љубовта. Кога Венера транзитира, кај вагата доминираат неопределни дожувувања, па најчесто во периодот страда, пати и сл., а кога планетата ќе се стабилизира и на Вагата и „паѓа“ камен од срце. Љубовта често им ги диктира сите обласи во животот, така што движењето на Венера е многу важно за нив.

СКОРПИЈА – ПЛУТОН: Каде треба да се растури се и се да уништи, тука е Плутон, но само затоа што има спеицијална моќ да изгради се од почеток. Ова е планета на уништувањето, со голема интуитивна способност да предвиди се што воопшто не им е разбирливо на другите. За подобро да се опише природата на шкорпијата, која го гледа она што другите не го гледаат, тој е подготвен до крај да делува ладнокрвно, се додека се не промени од корен. Циклусот на Плутон трае околу 150 години, па затоа овие промени во голем дел влијаат и на поголем број луѓе.

СТРЕЛЕЦ – ЈУПИТЕР: Најдобрите особини во ги красат токму стрелците, просто речено какви што човек може само да посака. Каде и да се наоѓа збогатува, шири, дизијанира, подобрува, бидејќи на неговата планета е прилично жешко. Стрелците се со топла природа, сочувствителни, толерантни, пред се отворени, фер и достапни. Познати се и по тоа што знаат да уживаат во се, но обично со мерка. Јупитер има циклус од 12 години и секоја година го менува знакот. Стрелците трпат последици од транзитот на нивната планета, па обично во тоа време се без желба, изморени, но за кратко додека ги наполнат батериите. Никогаш не делуваат уништувачки, секогаш го разгледуваат проблемот од сите аспекти и се обидуваат да направат се што можат со најмала можна штета.

ЈАРЕЦ – САТУРН: Бавни, специјални, малку студени, но симпатични. Секогаш со нивните „прстени“ се држат на растојание. Нивната планета ја симболизира мудроста. Таа е учителот. Не е лесно да се борите со нив, бидејќи секогаш бараат напор, жртва, воздржаност, цврстина и без нив не постои зрелост. Тие се најиздржливи по природа. Без нив светот би бил тривијален. Кога Сатурн е лошо поставен, кај јарците недостасува сериозноста и упорноста за некои важни достигнувања кои имаат трајна вредност. Циклусот трае 29,5 години и укажува на зреењето во животниот век, па човек обично два до три пати во животот се наоѓа под влијание на Сатурн.

ВОДОЛИЈА – УРАН: Циклусот на Уран трае 84 години и тој секогаш е уникатен со самото тоа што се знае дека неговата патека е секогаш различна. Тоа е единствената планета чија особеност е да кружи тврдоглаво околу Сонцето по своја нова елиптична патека. Секогаш посебна и различна од другите, полна со изненадувања. Такви се и водолиите. Секој транзит на Уран е нов предизвик, и секогаш имаат на располагање некое ново средство. Обично преку некој ненадеен настан со кој решаваат се. Овде нема размислување, се е готово за момент. На секои седум години Уран го менува знакот, па со тоа обележува и генерациски. Така и водолиите имаат блиц интуиција и во дел од секундата веќе знаат што треба да прават или што ќе се случи.

РИБИ – НЕПТУН: Нептун е планета полна со магла, но убава и привлечна. Таа може да мами и да ве воведе во лавиринтот на илузијата и имагинацијата, така што по некое време често се губиме и не знаеме од каде да излеземе. Така владее и со рибите. Бавен е, со години се задржува во еден знак, а неговиот транзит се чувствува на потсвесно ниво. Најкарактеристично за овие знаци е содавањето на стапици, психолошки игри, користење на опојни средства и нереално оценување, заведување, лаги и измами. Затоа е многу важно да се развие чувството за реалност и имагинацијата да се користи умно во конструктивна насока, односно преку уметност или слични активности.

Би можело да ве интересира

Хороскопски знаци кои „играат според правилата“

Ана Ололовска

Астрологија: 30 ноември е најнесреќниот ден во годинава

Ана Ололовска

Секој шести руски работодавач го гледа хороскопскиот знак на потенцијалните работници

А1он

Три хороскопски знаци кои немаат среќа

Татјана Ташкова

Дознајте што открива вашиот број на раѓање за вас

Наум Локоски

Кои хороскопски знаци ги третираат жените „како кралици“?

Ана Ололовска