Секој шести руски работодавач го гледа хороскопскиот знак на потенцијалните работници

Од:

Секој шести сопственик на фирма, односно 16 проценти од нив, обрнуваат внимание на хороскопските знаци на кандидатите за работа, додека тоа го прават само пет отсто од вработените во службите за човечки ресурси, покажуваат резултатите од студијата изработена во Русија.

Според истражувањето, 75 проценти од работодавачите го земаат предвид хороскопскиот знак при вработување на кандидатите за раководни места, 50 отсто при вработување на менаџери во канцеларија, а 45 проценти при вработување во секторите за продажба и услуги.

За секој петти сопственик на фирма или експерт за човечки ресурси хороскопскиот знак е важен при изборот на потенцијални работници во ИТ секторот, додека за 15 процети од нив е важен зодијакот при избор на работници во секторот маркетинг.

Во истражувањето учествувале над илјада претставници на руските компании, менаџери и директори на секторот за човечки ресурси во сите руски региони.

Би можело да ве интересира

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема евакуација на населението во регионите погодени од полави во Русија

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани