33-годишниот Д.С.(33) од Тетово, во последниве четири години, континуирано вршел сексуално полови дејствија врз неговата малолетна ќерка, по што, заканувајќи и се, барал од неа, никому да не кажува за тоа.
Против него е поднесена кривична пријава поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Полов напад врз малолетник кој не наполнал 14 години“.
Таткото, таквите дејствија, ги вршел на неколку локации во Тетово како и во семејниот дом. Од страв, малолетното девојче, цели четири години молчело за се што и се случувало.
Истражен судија, му одредил мерка притвор, во траење од 30 дена.