Дел од лустраторите на денешната седница ќе бараат да се престане со јавно објавување на имињата на тие што се означени како соработници на службите на интернет страната на Комисијата за верификација на фактите.
Дел од лустраторите сметаат дека се кршат правата на тие што се прогласени за кодоши, зашто имаат право на жалба пред Управниот суд кој може да ја поништи одлуката на Комисијата.
На денешната седница ќе се разгледува досието на уште еден советник, а ќе се иницира и враќање на досиеата на двајца функционери за кои веќе било утврдено дека не се соработници на службата.
Дел од лустраторите велат дека според ова како се лустрираат сега некои функционери, реално е да се вратат на повторно разгледување досиеата на двајца кај кои Комисијата утрвдила дека нема соработка со службите.