Владимир Милчин денеска ќе одржи прес конференција за процесот на лустрација.
Тој беше во првата група, објавени на страната на Комисијата дека соработувале со тајните служби.
Професорот на ФДУ и извршен директор на ФИООМ, со документи докажуваше дека не бил соработник туку жртва. Членови пак од Комисијата прашуваат зошто претседателот на Комисијата го сокри документот за Милчин, во кој службите констатираат дека Милчин бил следен и обработуван од службите.