„Струмица опен фестивал“

Од:

Од денеска па се до 20-ти август, Струмица ќе биде домаќин на манифестацијата „Струмица опен фестивал“. Во музичкиот дел, за време на официјалните фестивалски вечери од 16-ти до 18-ти август ќе настапат 15 музички ѕвезди, меѓу кои и „Суперхикс“, „Нокаут“, Миле Кузмановски, Влатко Лозаноски, Дани Димитровска од македонската сецена, но и „Прљаво казалиште“, Харис Џиновиќ, поп-рок бендот „Итч“ од балканската.

За затворањето на фестивалот струмичани ја добија српската фолк-ѕвезда Цеца. Организаторот најавува четиридневни ликовни колонии на плоштадот „Гоце Делчев“ со струмичките бендови „Параноид“, „Аларм“, „Фриендс“, театарски претстави во Амфитеатарот и вечер на поезија крај новото струмичко езерце.

Ќе може да се проследи и трката на келнери, бармен и бариста куповите, да се дегустира многу храна и пијалаци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасен Силјаноски: Имаме поголем морал од српките пејачи, зошто би се соблекувал гол?

Предраг Петровиќ

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

Under 600 – новиот фестивал на независна театарска продукција

„Етно Плоштад Фестивал 2025“ во Берово

А1он

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

МНТ со претставата „12“ на фестивалот „Охридско лето“