Бронза за Русија, Аргентина без медал

Од:

Кошаркарите на Русија го освоија бронзенот олимписки медал во Лондон, откако во натпреварот за третото место ја победија Аргентина со 81:77 (19:20, 21:18, 21:19, 20:20).

Ова е прв олимписки медал за кошаркарите на Русија по распаѓањето на СССР.

Најдобриот стрелец за Русија беше Алексеј Швед со 25 поени, а Андреј Кириленко мечот го заврши со 20 поени.

Во репрезентацијата на Аргентина најдобар беше Ману Џинобили со 21 поен.

Во големото финале ќе се сретнат селекциите на Шпанија и САД.

 

Би можело да ве интересира

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?