Покрај трите олимписки златни медали кои ќе ги земе со себе од Игрите во Лондон, во куферот на Болт ќе се најде и еден вреден сувенир.
По штафетата 4×100 метри во која Јамајка постави нов светски рекорд со време 36.84 секунди Болт ја побара штафетната палка за спомен.
Присутното официјално лице ја одби молбата, а публиката свиркаше незадоволно. Малку подоцна палката сепак заврши во рацете на Болт.
„Претпоставувам дека некој позборувал со тој човек и му рекол дека треба да ми ја врати, така ја добив назад“, изјави најбрзиот човек на светот.