Акција за спасување снимена со камери во Австралија кога екипа на една ТВ куќа од хеликоптер забележала двајца голи мажи како беспомошно плутаат во океанот, додека околу нив пливале ајкули. Целиот случај е уште поневеројатен ако се знае дека во морето поминале безмалку 20 часа.
Подоцна е утврдено дека се работи за рибари кои испловиле ноќ пред тоа, но никогаш не се вратиле дома.
Преживеаниот 49. годишен рибар префрлен е во болницата во Перт, 20. часа откако заврши во океанот. Лекарите рекоа дека состојбата му е стабилна, но и дека претрпел голем шок.
Тој на риболов тргнал со неговиот роднина и неговиот пријател, и двајцата имале по 23. години. За третиот рибар се трага, а во потрагата учествуваат два хеликоптери, три авиони и многу бротчиња.
Преживеаниот молеше да го спасат
Репортерот на каналот 7 Грант Тејлор кој прв го забележа рибарот како лебди на грб над водата на локалното радио ја опиша целата случка.
„Само што го видов, прво што забележав беше една голема ајкула на помалку од 20 метри од местото на кое пливаше. Се обидовме со хеликоптерот некако да ја уплашиме и да ја натераме да се оддалечи“, изјави Тејлор.
Додека над главата му леташе хеликоптерот рибарот молеше да го спасат и викаше „Помош“, не приметувајќи дека до него веќе имааше чамец за спасување.