Американската женска штафета 4х100 метри успеа да постави нов светски рекорд со време 40.82 секунди.
Трчаа Тиана Мадисон, Алисон Феликс, Бјанка Најт и Кармелита Џетер.
Тие имаа фантастични измени на штафетата и успеаја да ги совладаат големите ривалки од Јамајка, кои беа второпласирани со резултат 41.41 секунди.
Третопласирана беше штафетата на Украина со време 42.04 секунди.