Спајс Грлс го добија тоа што го посакуваа – да настапат на Олимписките игри.
Иако организаторите се обидуваа да ја сокријат веста за настапот на Спајс Грлс на Затварањето на Олимписките игри во недела, сепак во јавноста се појавија фотографии од нивната проба. Викторија, Ема, Гери, Мел Би и Мел Си изјавија:
“Горди сме што сме Британки и големо задоволство ни е што ќе настапуваме на Олимпијадата.”
Претходно сите беа изненадени како на свеченото отварање на Олимписките Игри, од 86 познати британки песни што беа изведени, немаше ниту една нивна.
Освен Спајс Грлс, настап на затворањето на Олимписките Игри ќе имаат и Џеси Џеј, Ени Ленокс, Тиние Темпах, Кејт Буш, Џорџ Мајкл. Исто така ќе се појават многу познати британски шоубиз личности.