Првата виетнамска приватна авиокомпанија „Виет Џетер“ дошла да интересна идеја со цел да ги „опушти“ и да им го „подобри расположението“ на патниците на еден од нејзините летови, приредувајќи им бикини-шоу.
Имено, во еден момент на летот меѓу патниците во авионот почнале да шетаат згодни девојки облечени во бикини, кои биле учеснички на еден локален избор за убавица.
Меѓутоа, ваквата „интересна идеја“ не му се допадна на Виетнамското воздухопловно здружение, па откако снмката со бикини-шоуто се појави на „ЈуТјуб“, „Виет Џетер“ заработи казна поради „прекршување на одребите за безбедност за време на лет“.