Објавени имињата на уште двајца соработници на службите

Од:

Советникот во Советот на општина Гази Баба Кирил Псалтиров и советникот од општина Боговиње Исак Ајрули се двајцата нови соработници на службите кои ги објави Комисијата за верификација на факти.

Решенијата за Псалтиров и Ајрули Комисијата беа донесени во понеделникот, но поради законскиот рок од три дена нивните досиеја беа објавени денеска.

Според документите на тајните служби Ајрули уште во 1986 додека бил втората година на Економскиот факултет во Приштина под псевдонимот “Зенит“ давал информации за своите колеги студенти од Тетово и Гостивар, а подоцна и за колегите во средното училиште “Моша Пијаде“ каде што работел.

Псалтиров под псевдонимот “Студент“, според решението на Комисијата, информирал од 1963 година. Службите го ангажирале како член на друштво од млади луѓе кои преведувале дискусии за обединувањето на трите дела на Македонија во Кочани. Псалтиров пренесувал информации за лице од Кочани кои се води под псведонимот “Млин“.

До соработката со тајните служби дошло по апсењето на Пслатиров во 1962 година.

“Од притворањето се увидело дека може има добра средина и услови за соработка и може да се ангажира, за кое истиот се колебал долго време, но ја прифатил понудената соработка, што е видливо во доста документи. ’Студент’ давал информации за ’Млин’ од Кочани кое што било негов близок пријател со кој му била дадена задача да разговара за концептите и составот на организацијата. Во извештаите за лицето давал детали од разговорите како за кршењето на фотографијата на Тито, за активностите за обединување на Македонија и за неговите цели во организацијата да привлече околу 10.000 луѓе, за да има шанси да предизвика бунт“, се наведува во решението со кое Псалтиров е прогласен за соработник на тајните служби.

За да се состанува со својот пријател “Млин“, “Студент“ зел 1.000 динари од тајните служби за трошоци. За неговата соработка, како што се наведува, знаел и неговиот татко. Дерегистриран бил во 1964 година откако се вратил од отслужување на воен рок во ЈНА.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска