Кинеските научници успеаа да пренесат квантна информација во далечина од 97 километри без помош на оптички кабел или било какво друго помошно средство.
Ласерското насочување, што го разви Џан Џин и неговиот тим на научници, беше главниот адут за да се надмине сеизмичкото и атмосферското влијание, што во поинаков случај би го попречило одржувањето на врската помеѓу двете локации.
Употребата на оптички кабел би го решила проблемот околу прецизноста на преносот од точка до точка соочува со овој процес на отворено, но неговата употреба би можела да доведе до т.н. „квантна декохеренција“ во датотеката.
Ова е мал, но клучен камен – темелник во научните достигнувања што во иднина би можел да стане секојдневие.