ВИДЕО: Сијамски близначки ќе снимаат реално шоу

Од:

Абигејл и Британи Хенсел се сијамски близначки за кои не се веруваше дека ќе преживеат повеќе од неколку дена. Но, девојките успеаја да им докажат на лекарите дека не се во право и се развија во две возрасни девојки. Телата им се споени, додека главата одвоена.

Девојките станаа вест кога одлучија да имаат реално шоу кое ќе ги следи нивните животи по дипломирањето на еден универзитет во Минесота.

Одлучија да патуваат по Европа со пријателите и после тоа да бараат работа, а сето тоа ќе биде забележано од камерите.

Девојките на светот му се познати одамна, пишува „Дејли мејл“. Во 1996 година се појавија во емисијата на Опра и на насловната страница на списанието „Лајф“.

Оттогаш живееја мирен и повлечен живот, а потоа се појавија во документарецот на ТЛЦ кога имаа 16 години. Нивното реално шоу ќе почне со емитување на 28 август, а ќе се вика „Аби енд Британи“.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ