Јамаканецот Јусеин Болт уште еднаш докажа дека е најбрз човек на планетата, овој пат на 200 метри со време 19.32 го освои златниот медал.
Можеше да го собори олимпискиот рекорд за 2 стотинки но успори на крајот на трката и му отпоздрави на неговиот сонародник Јохан Блејк кој стигна до среброто, исто како и на трката на 100 метри.
Трет стигна уште еден Јамајканец со личен рекорд 19.84, Трелоуни Виерд, за тројна радост на малата островска земја.