Гетлин: Болт е ранлив

Од:

Најбрзиот човек на планетата не е со американски пасош, очигледно не само јавноста, туку и самите атлетичари од Соединетите Американски Држави тешко го прифаќаат.

Џастин Гетлин веројатно вежба самодоверба, па и покрај тоа што не можеше ни да им се приближи на Јамајканците во олимписката трка на 100 метри во Лондон, не е разочаран, туку напротив најавува дека набрзо ќе успее да го совлада Болт!

Гетлин оствари 9,79 секунди во финалната трка, што беше неговиот најдобар резултат во кариерата. Од друга страна Болт триумфираше со 9,63, а Блејк заврши втор со 9,75 секунди.

„И натаму сум уверен дека Болт може да биде победен. Ситуацијата сега не е како пред четири години во Пекинг. Блејк го победуваше во два наврата и нема причини да не верувам оти можам да бидам побрз од него. И самиот Болт веќе не е доминантен како претходните години“, полн е со самодоверба Гетлин.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он