Откриен нов човечки вид

Од:

Фосилите неодамна откриени на северот на Кенија покажуваат дека нашите предци коегзистирале со уште еден човечки вид, тврдат научниците.

Иако модерниот човек Homo sapiens, е единствен вид што денеска постои, Земјата во својата историја била дом за многу човечки видови што се појавиле и исчезнале. Ним им припаѓа и неодамна откриениот Homo rudolfensis.

Извештајот што се појави во новиот број на списанието „Nature”, покажува дека антрополозите откриле три фосила стари меѓу 1,78 и 1,95 милиони години. Овој наод воедно ја потврдува теоријата според која черепот ископан 1972 година припаѓа на посебен вид луѓе познати како Homo rudolfensis., а се издвојува по релативно големиот мозок и издолженото, плоснато лице. Но, черепот последните 40 години беше единствениот примерок што создаде одреден проблем. Имено, беше невозможно да се утврди дали станува збор за нетипичен вид на череп во рамки на веќе откриен вид или за целосно друг вид.

Сепак, новите фосили им помогнаа на научниците со поголема сигурност да констатираат дека Homo rudolfensis е навистина „нов човечки вид”. Долги години се сметаше дека најстар човеков предок бил Homo erectus(живеел пред 1,8 милиони години). Потоа беше откриен Homo habilis кој, како што се претпоставува, живеел во истиот период со Homo erectus. Ова последно откритие покажува како со нив живеел и Homo rudolfensis.

Миви Лики, водител на истражувањето, тврди дека овие наоди ја потврдуваат теоријата дека во раната еволуција на луѓето постоела разноликост.

„Човечката историја е разгранета. Еволуиравме како и останатите животински видови. Немавме ништо единствено сè додека не почнавме да изработуваме софистицирано камено орудие”, вели Лики, при тоа додавајќи дека новите откритија дополнително потврдуваат дека еволуцијата навистина функционира.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ