Првите олимпијци се натпреварувале голи, а Олимписките игри биле сметани за пагански

Од:

Ги знаете ли интересните историски факти поврзани за Олимписките игри? – Порано кандидатите се натпреварувале голи. – Првите Олимписки игри во модерното време биле одржани во 1896 година во Атина

Олимписките игри во модерното време се одржале во 1896 година во Атина и традиционално се одржуваат на секои четири години. Овогодишните Олимписки игри во Лондон ги уриваат рекордите на посетеност и ТВ гледаност, но секој рекорд има и своја премиера.

Погледнете некои од најважните премиери на Олимписките игри на античкиот свет и модерното време, бидејќи за секоја дисциплина постои првпат.

Првите забележани Олимписки Игри

Првите Олимписки Игри за кои постојат историски записи биле одржани во 776 година пред новата ера, на Олимпијада во Грција. Грците тогаш биле политеисти, а Игрите биле посветени на врховниот бог Зевс, што значело дека натпреварите содржеле ритуали како жртвување на волови на боговите. Тоа било ултимативен тест на човековото тело и дух, а бројот на дисциплините бил ограничен – петобој, трчање, трка со коњи, борење, бокс, а натпреварувачите биле мажи. Игрите ги укинал Теодозије Први во 394 година, пред се затоа што игрите биле пагански, а Теодозије бил христијанин.

Првиот првак

Првиот запишан првак на Олимписките игри бил тркачот Короибос од Елада, а се натпреварувал во класична трка на патека од 180 метри. Короибос се натпреварувал гол, а тоа тогаш било традиционално. По занимање бил готвач.

Првите Олимписки игри на модерното време

Првите модерни Олимписки игри се одржале во 1896 година во Атина во Грција, со намера да се негува духот на спротските натпревари. Прв првак на тие Олимписки игри бил Американецот Џејмс Брендан Коноли, а негова дисциплина била троскок. Тоа воедно било и последно натпреварување на првите модерни Олимписки игри. Американците имале среќа, а дури двајца браќа освоиле две златни медали: Џон и Самер Паин биле најдобри во дисциплина пукање од воен и обичен пиштол.

Првите жени на Олимписките игри

Иако постојат записи дека во античките времиња се натпреварувала и една жена која славела победа, во официјалните записи првите жени почнале да се натпреваруваат во модерните Олимписки игри. Тоа било во 1900 година на Игрите во Париз, а првата првакиња била англиската тенисерка Шарлот Купер. Швајцарката Хелен де Порталес освоила злато како членка на едриличарскиот тим.

Првите црнци спортисти

Првиот црнец спортист на модердните Олимписки игри бил францускиот претставник Константин Хенригез де Зубиера. Првиот црнец спортис кој освоил злато бил Англичанецот Џон Тејлор на трка со штафета, на Олимписките игри во 1908 година во Лондон. Првиот црнец Африканец кој освоил злато бил Абеба Акила од Етиопија, победник на маратонот на Олимписките игри во Рим во 1960 година.

Првиот екипен спорт

Помалку очекувано, првиот екипен спорт на Олимписките игри бил фудбалот во 1900 година во Париз. Тогаш најдобриот тим бил од Англија, освојувајќи злато, а среброто и бронзата припаднале на Франција и Белгија.

Првата маскота

Првата маскота која се користела во Олимписките игри била воведена во 1972 година за Олимпијадата во Минхен. Маскота било куче јазовичар Валди и било облечено во разнобоен пуловер.

Првите Олимписки игри со држави од сите континенти

Првите ОИ на кои учествувале претставници од сите континенти биле во 1912 година во Стокхолм во Шведска. Јапонија се придружи на Игрите и на тој начин ја претставувала Азија. Овие Олимписките игри забележале и прв смртен случај во модерните Игри. Португалскиот маратонец Франциско Лазаро истрчал 29 километри пред да падне и следниот ден го загубил животот од дехидрираност. Меѓутоа, подоцна се дознало дека проблемите биле предизвикани од восок со кој се премачкал Лазаро, за да не изгори на сонце. Секако восокот го спречило потењето и маратонецот во еден момент колабирал.

Првиот телевизиски пренос

Првите Олимписки игри кои се емитувани на телевизија биле во 1936 година во Берлин. Игрите биле прикажани на големи екрани поставени во целиот град. Меѓутоа, емитувањето било ограничено на подрачјето на Берлин. Првите Игри кои луѓето имале прилика да ги гледаат на малите екрани биле во 1948 година одржани во Лондон. Првиот меѓународен пренос на Олимписките игри бил во 1960 година од Рим.

Првиот јужноамерикански град домаќин

Првиот град на Јужна Америка кој ќе биде домаќин на Олимписките игри ќе биде бразилскиот град Рио де Жанеиро за четири години. Значи, оваа премиера се уште ја чекаме, а одлуката беше донесена уште во 2009 година, на состанокот на Меѓународниот олимписки комитет во Данска.

Би можело да ве интересира

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?