Американците лесно против Австралија

Од:

Американскиот кошаркарски дрим тим си поигра со уште еден ривал, во четвртфиналето ја совладаа селекцијата на Австралија со убедливи 119:86 и само го потврдија пласманот во полуфиналето.

Австралијците му парираа на „дрим-тимот“ само во третиот период кој заврши нерешено, односно 28:28, а во трите останати немаа сила да му се спротивставан на пресилниот американски состав.

Разликата на квалитет особено беше видна во последниот период кој САД го доби со 35:16, а на семафорот на крајот стоеше 116:86.

Леброн Џејмс за 30 минути минати на паркетот забележа трипл-дабл од 11 поени, 14 скокови и 12 асистенции, а најмногу поени до своето име имаше Коби Брајант кој уфрли 20 коша. Солиден учинок имаа Дерон Вилијамс кој уфрли 18 и Кармело Ентони кој забележа еден поен помалку.

На спротивната страна најефикасен беше Патрик Милс со 26 поени, а веднаш зад него беше Џо Инглс со еден поен помалку.

Во борба за последниот натпревар ривал ќе им биде Аргентина, која со 82:77 постигна победа против Бразил во четвртфиналето.

Во другите четвртфинални натпревари Русија ја победи Литванија со 83:74, додека Шпанија со многу напор ја совлада Франција со 66:59 во реприза на ланското финале од Еуробаскетот.

Би можело да ве интересира

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?