Алисон Феликс од Соаединетите Американски Држави стигна до своето прво олимписко злато во кариерата на 200 метри.
Во Пекинг беше втора, а до сега има три титули на светските првенства, а вечерва во Лондон беше брилијантна.
Заврши пред шампионката на 100 метри Шели Ен Фрејзер Прајс со време 21,88 секунди. Кармелита Џетер стигна до Брозата пред Вероника Кемпбел Браун.
На 400 метри со пречки Русинката Антјух стигна до злато со време 52:70, пред Американката Лашинда Димас и Зузана Хејнова од Чешка.
На 110 метри со пречки во машка конкуренција победи Мерит од САД пред неговиот сонародник Ричардсон и парчмент од Јамајка кој постави национален рекорд со 13,12 секунди