Сослушан заштитениот сведок за убиството на Марјан Тушевски

Од:

До доцна синоќа траело испитувањето на заштитениот сведок на обвинителството за случајот со убистото на Марјан Тушевски.

Според сознанијата на А1, сведокот ФФ 15, спомнал неколки имиња, меѓу кои и екс министерот Љубе Бошкоски, но не како негово директно и лично сознание туку како информации кои ги наслушнал од други.

Адвокатите на Бошкоски не сакаат да зборуваат за испитувањето, со оглед дека сведокот е заштитен, но истакнаа дека го поставиле прашањето зошто има таков статус кога ништо посебно и веродостојно како информација не презентирал.

Според нив, и исказот како таков што го дал нема правна тежина, се работи за инфорамции кои сведокот ги слушнал некаде и од некого, а тој што му ги спомнал во моментов не може да ги потврди дека се точни.

Адвокатите сметаат дека ќе биде преседан доколку против Љубе Бошкоски биде покренат обвинителен акт, со оглед дека нема ниту еден материјален доказ, екс министерот не е посочен од сведоците за делото за кое се товари, а извршителите на убиството ги нема никаде во целиот процес.

За целиот случај исказ нема дадено уште Љубе Бошкоски, кој според адвокатите е револтиран што сметал дека му се монтира случај за кој нема никаква поврзаност и одговорност. Уште повеќе, што во времето кога бил министер за внатрешни работи биле преземени сите мерки за расчистување на случајот.

Семејството на Бошкоски но и од неговата партија во повеќе наврати предупредија дека се подготвува овој случај, во кој ќе се појави заштитен сведок со кого власта има намера да му додаде уште десетина години затвор на Бошкоски и да го направи убиец пред јавноста.

Би можело да ве интересира

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on