По „Диктатор“, Саша Барон Коен дефинитивно останува во жанрот на комедијата. Човекот кој постигна светска слава преку ликовите на Али Џи и Борат, сега има нов проект кој го продаде на филмската куќа „Парамаунт“, а станува збор за шпионска пародија која ги исмејува класиците како Џејмс Бонд.
Шпионските пародии не се новина во Холивуд, и веќе ги видовме Лесли Нилсен во „Спај хард“ (Spy Hard) и Роан Аткинсон во неколку филмови за агентот Џони Инглиш.
Саша Барон Коен се почувствува подготвен за исмејување на шпионски жанр, и со колегата Фил Џонсон осмисли нова комедија, која ја зема филмската куќа „Парамаунт“.
Дејствието на филмот го следи искусниот таен агент кој е принуден „да бега заедно со својот одамна изгубен брат, фудбалски хулиган“, стои во службената најава од „Парамаунт“.