Единаесет години од трагедијата кај Карпалак

Од:

Кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје денеска ќе биде одбележана 11-годишнината од загинувањето во заседа на 10-те прилепски резервисти на Армијата на Република Македонија за време на конфликтот во 2001 година.

Делегации на Владата, Министерството за одбрана и на ГШ на АРМ ќе положат цвеќе во чест на воените обврзници кои во 2001 година загинаа на ова место.

Како што е најавено, делегации на Владата, МО и ГШ на АРМ, како и од Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ ќе положат цвеќе и пред спомен – обележјето подигнато во чест на загинатите воени обврзници во касарната во центарот на Прилеп.

Вчера делегација на ЗОК положи цвеќе пред спомен-обележјето во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп и пред спомен-обележјето во село Лениште.

На 8 август 2001 година армиски конвој составен од пет возила и 120 резервисти наиде на заседа кај месноста Карпалак. Во одбрана на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на државата загинаа Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушидоски и Пеце Секулоски, сите од резервниот состав на АРМ од гарнизонот Прилеп.

Би можело да ве интересира

Модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје ќе ја користат Затвор Идризово или Министерство за одбрана

Уставниот суд поведе постапка за Правило на АРМ со кое се забранува вршење на верски обреди

Лога: Лафчиски неправедно го зазеде местото во АРМ што му припаѓа на Албанец

Катерина Ѓуровски

Армијата одбележува 32 години постоење

Артилериска стрелба по повод Денот на Армијата – 18 Август

Генерал-мајор Сашко Лафчиски нов началник на Генералштабот на Армијата