Фудбалерите на Бразил и на Мексико ќе играат во финалето на машкиот олимписки турнир. На „Олд Трафорд“ во Манчестер синоќа, Бразил ја совлада Јужна Кореја со убедливи 3:0 и со тоа ја потврди улогата прв фаворит за златниот медал.
Без поголеми проблеми „кариоките“ во 38-та минута дојдоа до водство од 1:0 со голот на Ромуло, а потоа следеше шоуто на Дамиао кој со два гола во 57-та и 64-тата минута ја потврди доминацијата на Бразил.
Во второто полуфинале кое се одигра на „Вембли“ во Лондон, Мексико ја победи Јапонија со 3:1.
Финалето Бразил – Мексико ќе се одигра на 11. август (сабота) во Лондон на „Вембли“, додека дуелот за 3.место меѓу Јапонија и Јужна Кореја е ден порано во Кардиф.