Во јужноафриканската престолнина падна снег, прв пат од 2007 година, што појавата ја прави уште поинтересна.
Додека ние гориме од жештини, во Јоханесбург си паѓа снег.
Појавата ги изненади сите во јужноафриканската економска престолнина сместена на 1.700 метри надморска висина, затоа што видоа бел покривач прв пат по 2007 година.
Жителите на Јоханесбург излегоа на улица да направат фотографии за спомен од воздухот исполнет со снегулки.
Снегот не е редок феномен во Јужна Африка, но воглавно паѓа на планините.
Главниот пат кој ги поврзува Јоханесбург со пристаништето Дурбан е затворен, а властите препорачаа патувањата да се сведат на минимум.