Двајца актуелни функционери од владеачките партии денеска се прогласени за кодоши од страна на Комисијата за верификација на фактите. За нив е донесено решение дека дека соработувале со тајните служби.
Едниот е Македонец, актуелен советник во општината Гази Баба, а другиот Албанец кој бил советник во општина Боговиње.
Сите членови на Комисијата, освен еден кој бил воздржан, гласале за прогласување на овие функционери за соработници на тајните служби.
Имињата на двајцата советници ќе бидат објавени на интернет страницата на Комисија за лустрација во рок од три дена.