МВР информира дека рано утринава во 00:45 часот на кеј „Македонија“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода П.В.(35) од Охрид.
Како што информираат од полицијата, при контрола во патниот сообраќај, тие сопреле патнички автомобил „пежо“ со охридски регистарски ознаки кое П.В. го управувал и при извршено алкотестирање, кај него констатирале 2,13 промили алкохол во крвта.
Тој е исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
