Павел го повика НАТО со сила да ѝ одговори на Русија: Треба да се соборуваат дроновите и ракетите

Од:

Чешкиот претседател Петр Павел денеска во Сенатот на чешкиот Парламент изјави дека земјите од НАТО треба со сила да одговорат на провокациите, како што се навлегувањата на руски ракети и беспилотни летала во полскиот воздушен простор.

Павел сугерираше дека Алијансата треба да реагира на ист начин на кој самата Русија би постапила во слична ситуација.

„Русија не би се двоумела да употреби сила за да го казни секое нарушување на сопствениот воздушен простор. Кога сме сведоци на повторени навлегувања на суверената територија на Алијансата, мораме да одговориме на начин што ќе осигури Русија да разбере“, рече чешкиот претседател за време на јавна дискусија за подготвеноста на Чешка и нејзината војска за војни, хибридни напади и кризи.

Тој додаде дека тоа би значело оти земјите-членки на НАТО треба да ги соборуваат беспилотните летала и ракетите за кои Русија тврди дека случајно навлегле во нивниот воздушен простор од правец на Украина.

Павел нагласи дека Русија ги почитува само оние што се подготвени и решени да ѝ се спротивстават, наведувајќи ја Финска како пример.

„Европските земји мора да настапуваат кон Русија од позиција на самодоверба, сила и притисок, за двете страни да се придржуваат до правилата“, изјави чешкиот претседател.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русија подготвува нов масовен напад врз украинската инфраструктура

Горан Наумовски

Хакери украдоа податоци: Откриен e бројот на загинати Руси во битките за Покровск и Авдијевка

Трамп се откажа од дел од понудата за Русија: „Стана јасно дека не се заинтересирани“

САД ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Украина: Руските напади може да се случат во секој момент

Горан Наумовски

Баро: Русија се обидува да ги колонизира умовите, но нема да успее

Зеленски: Ќе побарам од новиот Конгрес на САД да го зголеми притисокот врз Русија