Курти од Брисел: Косово очекува кандидатски статус за членство во ЕУ

Од:

Косово очекува да добие статус на кандидат за членство во Европската Унија (ЕУ), изјави денеска косовскиот премиер Албин Курти во Брисел, пред почетокот на Самитот ЕУ – Западен Балкан, нагласувајќи дека тоа не е прашање на фаворизирање, туку на заслуги.

Курти пред новинарите изјави дека смета оти Косово одамна требало да добие кандидатски статус, додавајќи дека во декември ќе се навршат четири години откако земјата поднела барање за членство во ЕУ.

– Јас лично го поднесов барањето во Прага, за време на чешкото претседателство… Ние сме единствената земја без кандидатски статус. Не бараме награди, привилегии или фаворизирање. Бараме признавање на напредокот на Косово во однос на демократскиот развој, економскиот раст, борбата против корупцијата, владеењето на правото, политичките права и граѓанските слободи. Според индексите за демократија, ние сме или на првото или на второто место на Западен Балкан – оцени Курти.

Тој рече дека, иако прашањето за кандидатскиот статус „отсекогаш било многу важно“, сега станало итно.

Курти изрази очекување дека на следниот состанок на Европскиот совет во декември, Европската комисија ќе биде повикана да даде мислење за барањето на Косово за членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Курти очекува новите власти во Србија да го променат пристапот кон Косово

А1он

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

(ВИДЕО) Тензично пред косовскиот парламент: демонстрантите фрлаат молотови коктели, полицијата одгвори со солзавец

(ВИДЕО) Инцидент во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше јајца кон Курти

Горан Наумовски

Курти пред победа на изборите во Косово

Симиќ: Во експозето на Курти нема Срби, ниту пак правата што ни се гарантираат со Устав не ни се загарантирани