ВИДЕО: Уапсен и таткото на 17-годишникот кој пукаше во училиште во Крагуевац

Од:

Српската полиција го уапси и 49-годишниот татко на 17-годишниот ученик кој утрово пукаше во Првото техничко училиште во Крагуевац, при што беа повредени две хигиеничарки.

Како што соопшти српското Министерство за внатрешни работи, таткото се сомничи за недозволено поседување и носење огнено оружје, муниција и експлозивни материи. Полицијата се сомнева дека неговиот малолетен син во пукањето го употребил оружјето што таткото нелегално го поседувал.

На 17-годишникот му е одреден притвор поради сомнение за обид за тешко убиство. На таткото му е одредено задржување до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен пред надлежното обвинителство. Малолетникот ќе биде изведен пред судија за малолетници.

Во утринското пукање беа повредени две вработени во училиштето. Едната се здобила со прострелна рана, додека другата била повредена од парчиња стакло. Двете се надвор од животна опасност.

Полицијата го уапси 17-годишникот, а сите останати ученици беа безбедно евакуирани. Подрачјето околу училиштето беше блокирано поради полицискиот увид.

Директорот на училиштето, Немања Јоксимовиќ, изјави дека ученикот осомничен за пукањето претходно не правел проблеми.

Српското Министерство за образование веднаш по пукањето формираше кризен штаб и испрати свој тим во Крагуевац.

Како што претходно беше објавено, матурантот осомничен за пукањето на својот профил на Вибер како статус го поставил денешниот датум, 24 ноември, што отвори прашања дали нападот бил однапред планиран.

Мотивот за пукањето засега не е познат. Полицијата ги истражува околностите под кои малолетникот дошол до нелегалното оружје на неговиот татко, како и дали претходно покажувал знаци што би укажувале на подготовка на нападот.

Криминалистичката истрага е во тек.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Матуранот кој пукаше во училиштето во Крагуевац ја зел пушката од татко му, пред пукањето објавил фотографија со оружјето

ВИДЕО: Пукање во училиште во Крагуевац, има повредени

Катерина Ѓуровски

Седумка на „Лото“ падна во Ниш – среќниот добитник побогат за 3.400.000 евра

А1он

Обвинителството бара притвор за шестмина осомничени поради закани кон Бранкица Станковиќ

Кој е Александар Чупиќ: Претседател на Народното собрание и вршител на должноста претседател на Србија

Горан Наумовски

Студентска листа најави референдум за влезот на Србија во ЕУ