Мицкоски: Правиме сè за да нема зголемување на цената на струјата и на парното

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата со сите можни алатки ќе го штити стандардот на граѓаните и ќе направи сè за да не се зголеми цената на електричната енергија и на парното и оти нема информации за најавите од Регулаторната комисија за енергетика.

– Не. Тоа е на Регулаторната комисија. Знаеме дека ние како Влада одлучуваме за цената што АД ЕСМ ќе ја поднесе на аукцијата и тендерот што ги има објавено „ЕВН хоум“. Ние како Влада ќе дадеме сè од себе да не се зголемува таа цена и со сите можни алатки ќе го штитиме стандардот на граѓаните иако цената на берзите е четири-петпати поголема од онаа што АД ЕСМ ќе ја даде, но тука имаме изготвено еден иновативен бизнис-модел за кој разговараме со раководството на АД ЕСМ – рече Мицкоски по одбележувањето на 80-годишнината од Домот за деца без родители „11 Октомври“

Премиерот најави дека в сабота ќе одржи колегиум со раководството на РЕК „Битола“.

– Оваа недела, в сабота, јас ќе бидам присутен и ќе одржам колегиум во РЕК „Битола“ заедно со луѓето од РЕК „Битола“ како главен столб и стожер на енергетската стабилност во Македонија. Работиме и остануваме држава со најниска цена на енергентите и покрај тоа што немаме многу енергенти што се наш природен ресурс – изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, најави Мицкоски

Мицкоски: Ниту едно дете не смее да биде заборавено, ниту еден детски сон не смее да биде однапред изгубен

(ВИДЕО) Кузеска: Зошто се молчи за влезот на Алта и Мацура и во осигурувањето – кој ќе одговара?

Горан Наумовски

Спортска сала, мамограф и патни инвестиции – премиерот Мицкоски најави нови проекти за Делчево и регионот

Мицкоски: Реалната нето-плата е за 5,2 отсто поголема, во владата на СДСМ и ДУИ беше намалена за пет отсто

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 20 ноември 2026 изнесува 219,02 евра за мегават час, на МЕМО 125,08 евра за мегават час