Мицкоски вели ќе ја спаси Алта банка. Зошто да ја спасува ако сè е во ред? Трајко Славески изјави дека сè е во ред. Веќе следниот ден воведе принудна управа, пишува СДСМ во соопштение.
– Во Србија Народната банка изјави дека сè е во ред, па истата вечер ја одзеде дозволата. Банката отиде во стечај. Алта лизинг е без дозвола за работа Мацура е во притвор. Ете толку е “во ред”. Ако банката е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува? Зошто се брза со продажба па дури и под пазарната вредност? Зошто се кријат сметките и трансакциите?
Затоа што не е во ред. Затоа што е пералница за пари на Вучиќ. Затоа што парите на граѓаните и јавните претпријатија се таму. Затоа што Мицкоски и Славески знаат дека ќе одговараат. Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара, велат од партијата.
